shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пеев: Да продолжиме победнички до крајот на есента

Работнички по трите победи во низа е пред нов предизвик. В недела, со почеток во 13 часот, на арената „Филип Втори“ ќе гостува тимот на Шкупи, во рамките на 18.коло од Првата фудбалска лига. Тоа е нов предизвик за избраниците на тренерот Жикица Тасевски.

Искусниот играч за врска Оливер Пеев посакува Работнички да продолжи победнички до крајот на есента.

„Влеговме во посакуваниот ритам, се пронајдовме, и дојдоа и резултатите. Верувам дека можеме да продолжиме победнички до крајот на есента. Не очекува првенствениот дуел со Шкупи, а потоа и реваншот со Македонија ЃП во Купот. Самодовербата сега ни е многу поголема, и треба само да го задржиме истиот ритам. Шкупи е квалитетен тим, иако позицијата на табелата тоа можеби и не го отсликува најдобро. Ќе мора максимално да се потрудиме за да стигнеме до бодовите“, вели Оливер Пеев.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи ќе го суди Марјан Младеновски од Скопје, а ќе му помагаат Бранко Путилин и Дарко Видиниќ. Четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. За делегат на натпреварот е одреден Кочо Зердески (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Марјан Ристески (Кичево).