shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечот Хонвед – Работнички во директен ТВ пренос на „Арена Спорт 3“

Работнички денеска, со почеток во 18 часот, во Будимпешта го игра реванш мечот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против Хонвед. Од овој натпревар ќе има директен ТВ пренос на „Арена Спорт 3“, што овозможува нашите симпатизери и љубителите на фудбалот во живо да ги проследат случувањата од стадионот „Јожеф Божик“.

По првиот меч во Скопје, Работнички има предност од 2-1. Главен судија на реванш натпреварот ќе биде Мариуш Аврам од Романија, а ќе му помагаат Кристијан Орбулет и Владимир Урзика. За четврти судија е одреден Јулијан Калин.