shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Игор Недељковиќ, нов член на Работнички

Работнички доведе уште едно засилување во овој летен преоден рок. Напаѓачот Игор Недељковиќ е нов член на клубот, откако потпиша едногодишен договор. Српскиот интернационалец доаѓа од албанскиот клуб Фљамуртари, а познат му е македонскиот фудбал со оглед дека во минатото настапуваше за Силекс.

Недељковиќ (26) може да одговори на повеќе позиции во навалната линија. Тој може да игра како централен напаѓач, но и на крилните позиции во навалниот ред.