shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Жоел Бопесу, петто засилување за Работнички

Работнички го доведе петтото засилување во овој летен преоден рок. Се работи за францускиот интернационалец Жоел Бопесу, кој во изминатите шест месеци настапуваше за ФК Скопје. Тој потпиша едногодишен договор со нашиот клуб и ќе ја засили левата странична позиција во тимот. Бопесу имаше забележителни настапи во македонското првенство изминатата полусезона. Тој има 23 години и веќе се приклучи на подготовките.

„Потпишавме едногодишен договор со францускиот интернационалец Жоел Бопесу. Се работи за квалитетен фудбалер кој игра на левата бековска позиција и е веќе добро запознат со условите во македонскиот фудбал. Се надеваме дека ќе се вклопи успешно во нашиот тим“, вели спортскиот директор Иван Поповски, претставувајќи го петтото ново име во ФК Работнички.