shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички утре стартува со летните подготовки

Фудбалскиот погон на Работнички утре ги почнува летните подготовки за настап во квалификациите за Лигата на Европа и домашните предизвици во следната сезона. Тренерот Ѓоре Јовановски уште на стартот ќе наметне жестоко темпо на работа, и веќе од утре фудбалерите ги очекува тројна тренинг програма. Првата прозивка на тимот е закажана во 7 часот наутро, а половина час подоцна ќе биде одржан и првиот тренинг, футинг.  Во 11.30 часот ќе следи вториот тренинг во сала за кревање товар, а третиот ќе се одржи од 19 часот на помошното игралиште во сопствената база.

„Не очекуваат големи предизвици, настап на европската сцена и треба соодветно да се подготвиме. Веднаш почнуваме со напорна работа“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.

Покана: ФК Работнички ги поканува медиумските куќи утре (11.јуни), со почеток во 13 часот, во клупскиот ресторан, на брифинг со шефот на стручниот штаб Ѓоре Јовановски, по повод стартот на летните подготовки.