shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечкаровски ќе го суди натпреварот Академија Пандев – Работнички

Работнички в недела ќе му гостува на тимот на Академија Пандев во рамките на 34.коло од Првата фудбалска лига, на стадионот „Кукуш“ во Турново. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија ќе биде Илија Гонев (Неготино).

За делегат на натпреварот е одреден Ајетали Дервиши (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Бранко Манојлоски (Тетово).