shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Стартуваа подготовките за пролетниот дел од шампионатот (ФОТО)

Горан Станковски денеска во клупските простории во „Градскиот парк“ ја реализираше првата прозивка на тимот пред стартот на зимските подготовки за пролетниот дел од првенството во Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ до 22. јануари првата фаза од подготовките ќе ја реализираат во Македонија, а потоа следи преселбата во Анталија, Турција, каде е планирано одигрување и на четири пријателски натпревари.

„Почнуваме со подготовки, а паралелно со тоа ќе следи и засилувањето на играчкиот кадар. Планот за работа е веќе утврден. До 22. јануари ќе тренираме во Македонија, а потоа одиме во Анталија каде се веќе договорени четири пријателски натпревари“ – рече Станковски на првиот собир во новата година.

Од почетокот на подготовките на Работнички, во првиот тим како ново име е приклучен левиот бек Бујамин Асани кој доаѓа од УТА Арад, Романија. На подготовките со тимот ќе бидат и повратниците Ристе Јанков и Марио Станковски, како и Бојан Миовски.

Веќе е закажан и првиот пријателски натпревар, на 21. јануари против второлигашот Борец од Велес, а од 22. јануари се оди во Анталија каде ќе се остане до 1. февруари. Генералката пред стартот на пролетниот дел од првенството ќе биде против струмичка Беласица на 7. февруари.