shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Со трпение и напорна работа повторно ќе се вратиме на победничкиот пат

Тренерот на Работнички, Горан Станковски, не го крие задоволството од победата (2-0) против Пелистер во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По четири дуели без триумф „романтичарите“ се вратија на победите, прва за Станковски откако го презеде кормилото на екипата.

„На натпреварот против Пелистер навистина одигравме на едно високо ниво, одговорно и дисциплинирано во секој дел од играта и низ текот на сите 90 минути. Тоа најмногу ме радува, секако и со значителните подобрување во офанзивата. Заслужено стигнавме до триумфот, за што искрено им честитам на фудбалерите“ – вели Станковски.

Стратегот на „романтичарите“ е цврсто убеден дека и следниот период ќе продолжат позитивните резултати доколку се задржи максимално сериозниот пристап и на тренинзите на тимот.

„Не може, а да не го потенцирам максималниот труд кој фудбалерите го даваат на тренинзите. Со еден таков пристап, со трпение и напорна работа, сигурен сум дека ќе се вратиме на победничките патеки“ – истакнува Горан Станковски.