shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Карактерот на Работнички дојде до вистински израз

Работнички го оствари првиот триумф во новата сезона, и тоа на начин кој воодушевува, со голем пресврт во Прилеп, совладувајќи ја Победа со 2-4. Иако по првиот дел нашиот тим имаше негатива (2-0), во второто полувреме постигна четири гола и освои многу важни првенствени бодови.

Тренерот Виктор Треневски е задоволен од изданието на Работнички во второто полувреме, потенцирајќи дека до израз дојде одличната физичка подготвеност, но и карактерот на екипата. Со пофални зборови се изрази и за младите фудбалери кои добија шанса на овој натпревар.

„Остваривме многу значајна победа. Беше навистина тежок натпревар, а ние дополнително го отежнавме со двата гола што ги примивме во првото полувреме. Но, тогаш до израз дојде вистинскиот карактер на Работнички. Реагиравме на вистински начин. Одиграа момците дрско, храбро, конкретно, па во вториот дел дојдоа головите. Секогаш го потенцирам тимскиот дух во нашиот состав, но сега сакам да ги истакнам младите фудбалери Андреј Лазаров и Миле Тодоров, изданоци од нашата школа, кои одиграа одлично. Ова е многу значаен момент за нас по послабиот старт на сезоната, но сега треба да продолжиме во ист стил и понатаму. Веќе сме со мислите кон следниот предизвик, натпреварот против Академија Пандев в недела. Ќе се вратиме и на арената „Филип Втори“, што секако е уште еден импулс за да одиграме квалитетно“, вели шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.