shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Се „скенираат“ добрите и лошите страни на Будуќност (ФОТО)

Подготвувајќи се за настапот на европската сцена ова лето, фудбалерите на Работнички денеска пред тренинг активностите имаа и анализа на противникот кој не очекува на 28. јуни од 18 часот на националната арена „Филип Втори“.

Стручниот штаб и играчите го „скенираа“ Будуќност, како начин за што подобра подготовка за натпреварите против црногорскиот прволигаш.

analiza 4analiza 2

„Максимално течат комплетните подготовките за европските натпревари сезонава. Во таа насока секако следи и заедничката анализа на сите добри и лоши страни на противникот, преку следење на нивни пооделни натпревари од изминатава натпреварувачка сезона“ – вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Томислав Франц.

analiza

ФК Работнички во соработка со продажната мрежа на МК Тикетс веќе ги пушти во продажба и билетите за натпреварот против Будуќност во рамките на квалификациите за Лигата на Европа.

За гледачите во функција ќе биде Јужната трибина на арената „Филип Втори“, а билетите ќе се продаваат по цена од 150 денари. Продажбата ќе се врши онлајн преку МК Тикетс, а од понеделник и на билетарницата на стадионот „Филип Втори“.