shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Амар Хаџибулиќ потпиша професионален договор со Работнички

Нов голем бисер од младинската школа. ФК Работнички со гордост го објавува првиот професионален договор со големиот талент, голманот Амар Хаџибулиќ. 16-годишниот чувар на мрежата е најновото име кое доаѓа како производ од одличната работа во младинската академија на клубот.

Амар Хаџибулиќ треба да биде најновото голманско откритие кое ќе чекори по стапките на Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, одличните голмани кои заминаа во странство од редовите на ФК Работнички.

Амар Хаџибулиќ е репрезентативец на Македонија во селекцијата до 17 години.