shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Покажуваме зрелост, Македонија ЃП ќе биде нов голем испит

Работнички оствари убедлива победа (0-3) на гости против Слога Виница и се пласира во осминафиналето на Купот, надоврзувајќи се на триумфот (2-0) против Брегалница во шестото коло од Првата фудбалска лига. Сигурна игра во одбраната и креативен напад, секако, тоа носи задоволство и кај шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

„Фудбалерите одиграа максимално професионално на куп-дуелот против Слога Виница, стигнавме до заслужен триумф и продолживме во победнички ритам по неделниот меч со Брегалница. Задоволен сум од односот на фудбалерите кон играта и исполнувањето на тактичките замисли, покажавме зрелост и знаевме да се носиме со предизвикот. Сега би сакале да продолжиме во исто темпо и во Ѓорче Петров. Не очекува тешко гостување кај Македонија ЃП. Меѓусебните мечеви со овој противник секогаш се тешки и неизвесни до самиот крај, а победува оној што ќе ги сведе своите грешки на минимум. Се надевам дека фудбалерите и овој натпревар ќе го одиграат според реномето на Работнички“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.