shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тантуровски: Ѓорче Петров е тешко гостување, но сакаме да го задржиме нашиот ритам

Работнички во седмото коло од Првата фудбалска лига денеска (15 часот) ќе гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП. Дуелите со градскиот ривал секогаш носат возбуда и неизвесност, а стадионот во Ѓорче Петров важи за тешко гостување. Но, како што истакнува крилниот напаѓач Дејан Тантуровски, Работнички сака да го задржи добриот ритам од последните натпревари.

„Влеговме во добар ритам, екипата полека влезе во посакуваниот курс и забележавме две победи во низа. Ќе се обидеме да продолжиме во ист ритам и на денешното гостување во Ѓорче Петров. Знаеме дека е тоа терен каде тешко се освојуваат бодови, Македонија ЃП е екипа што заслужува респект и посебно квалитетно игра пред  домашната публика, но ние сме подготвени за надигрување и одиме со цел да оствариме позитивен резултат“, вели Дејан Тантуровски.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Работнички е закажан за 15 часот, а ќе го суди Ндерим Тефику од Куманово.