shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Даниел Божиновски ја продолжи верноста кон Работнички

Голманот Даниел Божиновски и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Работнички. Тој ја продолжи верноста кон нашиот клуб откако му беше понуден нов договор за двегодишна соработка.

Со овој потег, на најдобар можен начин е решено голманското прашање во тимот. Даниел Божиновски останува во Работнички уште две сезони, а има одлична конкуренција во младинскиот репрезентативец Ристо Јанков, кој исто така покажа дека е светла перспектива на клубот, и секогаш подготвен да одговори на задачата.

Во текот на денешниот ден, нов едногодишен договор со клубот потпиша и одбранбениот фудбалер Деан Митрев.