shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички подобар од Борец во првата контрола

Работнички го совлада второлигашот Борец со 0-3 на пријателскиот натпревар што се одигра денеска во Велес. Ова беше прва проверка на формата за избраниците на тренерот Горан Станковски, кој им даде можност за настап на сите фудбалери.

Новото засилување Никола Шаркоски го постигна првиот погодок на овој меч, воедно и негов прв во дресот на Работнички, по доаѓањето од Победа оваа зима. До крајот на првиот дел во листата на стрелците се запиша и Бојан Миовски. Во второто полувреме и Марио Станковски ја затресе листата на Борец.

Тимот на Работнички утре заминува на подготовки во Анталија, а шефот на стручниот штаб Горан Станковски ќе поведе 22 фудбалери.