shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкендија – Работнички

Шкендија – Работнички

-

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше 2-2 на гостувањето против Шкендија во Тетово, а со овој резултат и дефинитивно го осигура пласманот во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона. Тренерот Виктор Треневски и фудбалерите ја остварија целта.

Работнички пропушти победа во Тетово, со оглед дека по првото полувреме имаше водство од 0-2. Кире Маркоски во седмата минута го отвори резултатот, откако доби одлична топка во шеснаеасетникот и откосо од левата страна го матираше Захов. Во 21.минута, Маркоски се најде во речиси идентична ситуација, шутираше, но голманот на Шкендија овојпат го одбрани неговиот удар.

Во 41.минута, Иван Вуковиќ го постигна вториот погодок за Работнички. Филип Ивановски шутираше од 20 метри, Захов ја одби топката, на вистинското место беше Вуковиќ, кој успеа да ја погоди мрежата.

siskovski so skendija 2

Шкендија во вториот дел нападна со цел да израмни. Во 67.минута, Садики го собори Радески во шеснаесетникот и беше покажан пенал за домашниот тим. Ферхан Садики шутираше, но Дамјан Шишковски со одлична интервенција го спаси својот гол.

Во 74.минута, Шкендија намали на 1-2 преку Марјан Радески. Тој шутираше откосо од левата страна и го совлада Шишковски. Во финишот, Шкендија тргна и по израмнување, и успеа да стигне до него, повторно преку Радески. Во 88.минута, тој го постигна својот втор погодок, за конечни 2-2.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-2 (0-2)

Градски стадион во Тетово. Судија Дејан Јакимовски. Стрелци: Радески 74’, 88’ (Шкендија), Маркоски 7’, Вуковиќ 41’ (Работнички). Ж. картони: Зејнулаи (Шкендија), Најденов, Шиков (Работнички).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Положани, Зејнулаи (46’ Жуниор), Тодоровски, Алими, Тотре (74’ Шефити), Хасани, Радески, Абдурахими (68’ Јуфо).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Шиков, Садики, Херера, Трајчевски (62’ С. Сахити), Најденов, Дурански, К. Маркоски, Ивановски (75’ Митрев), Вуковиќ (81’ Елмас).