shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силекс – Работнички

Силекс – Работнички

-

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари важна победа на гости, совладувајќи го Силекс во Кратово со 0-2. Со овие многу значајни три бода, ја задржа третата позиција на табелата и четири бода позитива во однос на четвртопласираниот Пелистер.

Натпреварот почна отворено, а прв се закани Каланоски во четвртата минута со удар од далечина, но топката заврши над голот. Возврати со обид Елмас, а потоа и Кире Маркоски, но неговиот шут беше блокиран.

sileks-rabotnicki-kratovo-1

Во завршницата од првиот дел, Работнички стигна до водство од 0-1. Кире Маркоски одигра одлично по левата страна, нафрли во шеснаесетникот, топката дојде до Филип Ивановски, кој рутински погоди на вистинското место.

На полувремето, по една мешаница, Игор Недељковиќ заработи црвен картон за Силекс.

На самиот старт од вториот дел, Најдовски во 48.минута го погоди дирекот од голот на Силекс, а домашниот тим на крајот успеа да ја расчисти опасноста. На спротивната страна, Глигор Глигоров во 54.минута имаше убава можност, но Шишковски го одбрани неговиот удар.

Десет минути подоцна Филип Дурански излезе сам пред голот на Силекс, но голманот Митровиќ го одбрани шутот. Потоа во слична шанса беше и Кире Маркоски.

И на самиот крај, по еден противнапад, Иван Вуковиќ го постигна првиот гол во дресот на Работнички, потврдувајќи го триумфот од 0-2.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-2 (0-1)

Стадион во Кратово. Гледачи: 500. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Стрелци: Ивановски 45’, Вуковиќ 90’ (Работнички). Ж. картони: Пановски, Танушев, Глигоров, Тимовски, Каланоски, Стојчевски (Силекс), Елмас, Најдовски, Шишковски (Работнички). Ц. картон: Недељковиќ (Силекс).

СИЛЕКС: Митровиќ, Тимовски (85’ Гуцев), Стојчевски, Филиповиќ, Ф. Глигоров, Г. Глигоров (56’ Кастратовиќ), Филиповски, Танушев (68’ Николовски), Каланоски, Пановски, Недељковиќ.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Рашо (46’ Демир), Најдовски, Митрев, Садики, Херера, Дурански, Елмас, К. Маркоски, Ивановски (84’ Вуковиќ).