shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Пелистер

Работнички – Пелистер

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Пелистер

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше (1-1) против Пелистер на „Телеком Арена“ во Скопје, во рамките на 31.коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим и понатаму се наоѓа на третата позиција со 49 освоени бода, четири повеќе од Пелистер и од Ренова.

rab-pelis-17
Пелистер многу брзо, уште во петтата минута дојде до водство на овој натпревар. Филип Петров најдобро се снајде во шеснаесетникот на Работнички и од непосредна близина ја затресе мрежата на Шишковски. Но, Работнички немаше намера да се предаде.

Во 22.минута, Садики шутираше со глава по корнерот на Дурански, но немаше посериозни проблеми за Илче Петровски. Сепак, во последните моменти од првото полувреме, Работнички дојде до израмнување.

rab-pelis-21

Елмас во соло пробив мина неколку противнички фудбалери, го проигра Филип Дурански, кој со прецизен удар го совлада голманот на Пелистер.
Во 52.минута, Баже Илијоски имаше убава шанса, но ја погоди гредата од голот на Работнички. Возврати со иста мера и Херера во 67.минута. Тој упати вистинска бомба од слободен удар од 35 метри, Петровски одбрани, а топката од гредата заврши во корнер.

До крајот, и двете екипи се обидуваа да стигнат до победата, но мечот сепак заврши 1-1.

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1-1 (1-1)
„Телеком Арена“ во Скопје. Гледачи: 300. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Дурански 45’ (Работнички), Петров 5’ (Пелистер). Ж. картони: Фернандо Силва (Пелистер).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо, Шиков (29’ Демир), Садики, Херера, Силјановски, Дурански, Елмас, К. Маркоски, Ивановски, Вуковиќ (75’ Наумчевски).

ПЕЛИСТЕР: Петровски, Тошевски, Ковачев, Илиев, Бојовиќ, Фернандо Силва (88’ Бујчевски), Р. Маркоски, Миленковски, Петров (72’ Трифуновски), Мирчевски (46’ Божиновски), Илијоски.