Вардар – Работнички
Вардар
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
Работнички го загуби градското дерби со Вардар со 2-0. Во еден рамноправен меч, ривалот успеа да ги искористи своите шанси, додека Работнички може да жали за можностите пред голот на Гачевски, кои останаа неефектуирани. Којашевиќ и Николов беа стрелци за Вардар на овој меч.
Глигоров прв се закани кон голот на Шишковски во 15.минута, но возврати Елмас на спротивната страна. Потоа Работнички притисна, Силјановски имаше одличен обид во 35.минута, а една минута подоцна и Суад Сахити сериозно се закани, со волеј-удар од 18 метри, но Гачевски успеа да одбрани.
И токму во моментите кога Работнички беше подобар тим, Вардар дојде до предност. Во 39.минута, по акцијата на Барсегјан и на Демири по левата страна, Којашевиќ со удар од 14 метри ја затресе мрежата на Шишковски.
Во вториот дел, работнички тргна по израмнување. Иван Вуковиќ имаше одлична можност по проигрувањето од Елиф Елмас од левата страна, но шутираше крај голот. Во 84.минута, колосална шанса промаши и Момчило Рашо, кој од непосредна близина не ја погоди мрежата.
Во судиското продолжение, Бобан Николов го постави конечниот резултат 2-0, откако од 12 метри шутираше кон голот на Шишковски, а тој не успеа да го сопре неговиот удар.
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)
Телеком Арена во Скопје. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Стрелци: Којашевиќ 39’, Николов 90’ (Вардар). Ж. картони: Велковски (Вардар), Елмас, С. Сахити (Работнички).
ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Новак, Велковски, Демири, Спировски, Глигоров, Фелипе, Којашевиќ (74’ Николов), Барсегјан (61’ Џигаури), Блажевски (81’ Боарето).
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (87’ Демир), Шиков, Рашо, Херера, Трајчевски, Дурански (88’ Најденов), Елмас, С. Сахити, Вуковиќ (79’ Митрев), Ивановски.