shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Силекс

Работнички – Силекс

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари многу значаен триумф (2-0) над Силекс за продолжување на позитивниот тренд во шампионатот и за отворање на портите за излез на европска сцена идната сезона. Со оваа победа, сега нашиот тим се зацврсти на третата позиција на табелата со 39 бода, три повеќе од четвртопласираниот Пелистер.

По значајната победа токму над Пелистер (0-1) во Охрид, избраниците на Виктор Треневски одговорија на предизвикот и против Силекс. Елиф Елмас ја имаше првата колосална шанса, кога во 18. минута излезе сам пред Вујанац, но не успеа да реализира, откако гостинскиот голман го одбрани неговиот удар.

rab-sileks-18-03-22

Возврати Гуцев со удар од далечина, но Шишковски беше на вистинското место во 30.минута од средбата.

На почетокот на вториот дел, се обиде и Тимов, но голманот на Работнички беше максимално концентриран.

Во 59.минута, фантастичен гол постигна Горан Силјановски. Од десната страна, од околу 35 метри, се реши на удар и го лобуваше голманот на гостите, Никола Вујанац. Работнички стигна до заслужено водство.

rab-sileks-18-03-2

По ова, се отвори многу повеќе простор за нашиот тим, па седум минути подоцна Силјановски отвори противнапад, ја врати топката во средината, првиот удар беше блокиран, но натрча Суад Сахити и со одмерен удар од пет метри ја затресе мрежата.

Беше тоа уште еден голем удар за гостите од Кратово, од кој не успеаја да се рехабилитираат. До крајот, со сигурна игра Работнички го приведе мечот до крај за огромни три бода во трката за излез во Европа.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-0 (0-0)

Телеком Арена во Скопје. Гледачи: 300. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: Силјановски 59’, С. Сахити 66’ (Работнички). Ж. картони: Шиков, Силјановски (Работнички), Гуцев, Каланоски (Силекс).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (76’ Најденов), Митрев, Шиков, Рашо, Трајчевски, Дурански, Елмас (90’ Борха), С. Сахити, Ивановски, Вуковиќ (66’ Најдовски).

СИЛЕКС: Вујанац, Ф. Глигоров, Стојчевски, Филиповиќ, Гуцев, Г. Глигоров (62’ Мојсов), Филиповски, Танушев (70’ Додев), Каланоски, Недељковиќ, Тимов (56’ Пановски).