shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Победа

Работнички – Победа

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Победа

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го оствари осмиот триумф во сезоната, совладувајќи ја Победа на „Телеком Арена“ со 3-1. Избраниците на Виктор Треневски на убав начин го продолжија позитивниот момент во шампионатот, откако претходно го совладаа Вардар, а ремизираа на гости со Шкендија. Сега сме четвртопласирани со 27 бода, но само со два помалку од третопласираниот Пелистер.

Мечот не почна според желбите на фудбалерите на Работнички. Шаркоски во десеттата минута и побегна на нашата одбрана и успеа да го совлада Даниел Божиновски за изненадување. Но, Работнички не се предаде, напротив…

Во 21.минута, одличната акција со Филип Ивановски, ја завршиЕлиф Елмас, погодувајќи ја гредата од голот на Победа. Но, тоа беше и најавата за израмнување.

Осум минути подоцна, Горан Силјановски со силен удар од 14 метри, ја затресе мрежата на Манчевски, за 1-1.

IMG_1474

Во вториот дел, повторно Победа почна поразиграно. Шаркоски во 53.минута излезе сам пред Божиновски, и за среќа, шутираше над голот, а потоа истото го стори и Филип Најдовски, со удар со глава.

А потоа дојде казната за прилапчани, и тоа на фантастичен начин. Бојан Најденов испрати „бомба“ од преку 30 метри и погоди во горниот лев агол од голот на Победа. Работнички дојде во водство во 65.минута.

Само две минути подоцна, Себастијан Херера упати силен шут од 16 метри, и зголеми на 3-1.

Шанса имаше и Кире Маркоски, но Манчевски одбрани, а на спротивната страна и Гешоски, ама Божиновски беше на висина на задачата.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 3-1 (1-1)

„Телеком Арена“ во Скопје. Гледачи: 400. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Силјановски 29’, Најденов 65’, Херера 67’ (Работнички), Шаркоски 10’ (Победа). Ж. картони: Силјановски, Митрев (Работнички), Мустафов (Победа).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Најдовски, Митрев, Рашо, Херера, Најденов, Елмас (86’ Наумчевски), Е. Сахити (56’ Дурански), Маркоски (90’ Ристовски), Ивановски.

ПОБЕДА: Манчевски, Илиески, Талески, Колевски, Илијовски (58’ Карчески – 81’ Дунимаглоски), Мегленски, Најдовски, Мустафов, Цветаноски, Шаркоски (69’ Спиркоски), Гешоски.