Ренова – Работнички
Ренова
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
По две одложувања, првенствениот натпревар против Ренова на гости конечно се одигра, и тоа на стадионот во Боговиње. Работнички загуби со 3-1 од „гипсарите“.
Ренова поведе уште во втората минута со погодокот на Мишковски, но Баже Илијоски успеа да израмни многу брзо, веќе во 11.минута од средбата.
Но, Ренова вторпат поведе пред самиот крај на првото полувреме со голот на Изаир Емини. На стартот од вториот дел, Шабани ушати одмерен удар и го совлада Божиновски во 53.минута, со што и обезбеди на Ренова недостижна предност до крајот на натпреварот.
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 3-1 (2-1)
Стадион во Боговиње. Гледачи: 500. Судија: Зоранчо Темелков. Стрелци: Мишковски 2’, Емини 44’, Шабани 53’ (Рен), Илијоски 11’ (Раб). Ж. картони: Мемеди, Муслиу, Гафури (Рен), Илијоски, Најдовски (Раб).
РЕНОВА: Ефремов, Мишковски, Мемеди, Мециновиќ (46’ Трајчев), Муслиу, Мојсов (83’ Садики), Нухиу, Селмани, Шабани (90’ Шакири), Гафури, Емини.
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиевски (59’ Најдовски), Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Трајчевски, Вујчиќ, Алтипармаковски, Јовановски (46’ Митров), Маркоски, Илијоски.