shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Трабзонспор

Работнички – Трабзонспор

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Трабзонспор

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го совлада моќниот турски клуб Трабзонспор со 1-0 во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Стрелец на победничкиот погодок беше капитенот Баже Илијоски во 23.минута од средбата.

Првото возбудување се случи пред голот на Трабзон. Во шестата минута, Милан Илиевски упати „бомба“ од слободен удар од 25 метри, но голманот Чакир Угурчан успеа да одбрани и исфрли во корнер.

Експлозија се случи во 23.минута. Работнички успеа да ја начне мрежата на моќниот Трабзонспор. Мики Петровиќ одлично го проигра во празно Баже Илијоски, кој излезе сам пред голманот на Трабзон и го матираше во манир на искусен стрелец. Капитенот вети дека повторно ќе биде стрелец во најава на овој меч и успеа да го исполни ветувањето.

rabotnicki - trabzon 2

Јусуф Ердоган се закани кон крајот на првото полувреме, но Петровиќ со енергичен старт во последен момент го блокираше неговиот удар.

Потоа Ердоган имаше и одличен ценаршут за Кардозо, но за среќа на Работнички, Парагваецот задоцни да ја зафати топката со глава. „Романтичарите“ заминаа на одмор со предност од еден гол, погодокот на Баже Илијоски.

Трабзон во вториот дел тргна многу поофанзивно со намера да израмни, но тоа отвори простор на протовнапади за Работнички. Во 58.минута, Баже Илијоски истрча контранапад, влезе во шеснаесетникот, но беше блокиран во последен момент од Алпер Улудаг.

За малку ќе стигнеше казната на спротивната страна само две минути подоцна. Јусуф Ердоган центрираше од левата страна, а Оскар Кардозо шутираше со глава, но за малку крај голот на Даниел Божиновски.

rabotnicki - trabzon 1

Во 69.минута, повторно Јусуф Ердоган центрираше од левата страна, а на вториот дирек за малку задоцни Варис.

Чума Анене и Работнички ќе жалат за шансата што тој ја имаше во 73.минута. Милан Илиевски нафрли од слободен удар, Анене скокна највисоко во противничкиот шеснаесетник, шутираше со глава, но за малку крај дирекот од голот на Чакир.

Кон крајот, Трабзон притисна посилно, а Салих Дурсун имаше шанса по корнерот од левата страна. Сепак, шутираше крај голот.

rabotnicki - trabzon 4

ТРЕТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

РАБОТНИЧКИ – ТРАБЗОНСПОР 1-0 (1-0)
Национална арена „Филип Втори“. Гледачи: 10.000. Судија: Павел Гил (Полска). Стрелец: Илијоски 23’ (Работнички). Ж.картони: Илијоски, Вујчиќ (Работнички), Медјани, Улудаг, Окај, Хурмачи (Трабзон)

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Вујчиќ, Сахити (85’ Митров), Анене, Алтипармаковски (81’ Маркоски) , Илијоски (64’ Трајчевски).

Тренер: Игор Ангеловски

ТРАБЗОНСПОР: Чакир, Демир (75’ Окај), Медјани, Дурсун, Јилмаз (62’ Хурмачи), Јумлу, Ердоган, Констант, Улудаг, Кардозо, Варис (80’ Зенгин).

Тренер: Шота Арвеладзе