shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јелгава – Работнички

Јелгава – Работнички

-

Јелгава

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Летонскиот тим Јелгава можеби е послаб противник од Флора Талин, но Работнички се враќа со несреќен пораз од 1-0 од дуелот во Летонија. Нашиот тим имаше тотална надмоќ на гостувањето во Јелгава, но откако не искористи извонредни шанси преку Марјан Алтипармаковски и Чума Анене, доби казна во 87. минута од единствениот шут на натпреварот во рамките на голот на Даниел Божиновски.

Работнички веднаш офанзивно го отвори мечот, па Баже Илијоски уште во 6. минута имаше добар обид, но Икстенс одбрани, а три минути потоа се обиде и Силјановски, но непрецизно.

Во 17. минута домашните имаа шанса по прекин преку Диало, но шутираше над голот на „романтичарите“.

Потоа се беше во знакот на Работнички, наспроти фудбалерите на Јелгава кои беа концентрирани на бункер пред својот гол. Во 21. минута и Алтипармаковски се обиде, но повторно домашниот голман брани, не дозволувајќи водство. Икстенс потоа ги одбрани и ударите од далечина на Анене и на Петровиќ, а Јелгава единствената посериозна шанса ја имаше преку Ериба во 39. минута, но во мешаницата не успеа да ја затресе мрежата на Божиновски.

jelgava - rabotnicki 3

Нашиот тим тотално доминирајќи го почна и второто полувреме. По постојана игра на домашната половина, најголемата шанса на мечот следеше во 54. минута. По извонредната акција на Анене и Илијоски, Алтипармаковски беше одлично проигран на десетина метри, изби сам очи во очи со Исктенс, но шутираше премногу млако и домашниот голман одбрани.

Апсолутната надмоќ на нашите фудбалери продолжи и понатаму. Се обиде Анене со глава во 63. минута, но лесен плен за чуварот на мрежата на Јелгава, за да во 67. минута повторно следи извонредна шанса. По одличното проигрување од Сахити од десната страна, Анене сам на десет метри пред голот на Јелгава шутираше крајно непрецизно над гредата.

И во 83. минута, повторно Анене на сцена. Но, и овој пат, неговиот шут сега од околу 18 метри, Икстенс го одбрани исфрлајќи во корнер.

А кога нема да се искористат шансите следи казна на спротивната страна. И тоа преку единственото оружје препознатливо за Летонците – долго нафрлање од аут. Ош изведе аут од левата страна со долго нафрлање пред противничкиот гол, а таму во мешаницата Клушкинс успеа од 7-8 покрај бројните играчи на Работнички да ја протре топката во мрежата.

jelgava - rabotnicki

ЛИГА НА ЕВРОПА – 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (прв натпревар)

ЈЕЛГАВА (ЛЕТ) – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)
Земгале олимписки центар во Јелгава. Гледачи: 1.500. Главен судија: Торе Хансен. Помошници: Кнудсен и Итерланд (сите од Норвешка). Стрелци: Клушкинс 87’ (Ј). Ж. картони: Латка, Кирилинс (Ј).

ЈЕЛГАВА: Икстенс, Фреиманис (86’ Редјко), Диало, Губинс, Ош, Сосранов, Латка, Багдашкинс, Ериба (56’ Кирилинс), Клушкинс, Сушкин (63’ Малашенокс)

Тренер: Виталиј Астафјев

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Трајчевски, Вујчиќ, Анене, Алтипармаковски (79’ Јовановски), Илијоски (65’ Сахити)

Тренер: Игор Ангеловски