shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Флора Талин – Работнички

Флора Талин – Работнички

-

Флора Талин

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби со 1-0 на гостувањето во Талин против естонскиот тим Флора во првиот меч од првото квалификациско коло од Лигата на Европа. По овој пораз „романтичарите“ за седум дена во Скопје ќе мора со триумф од најмалку еден гол разлика да го бркаат пласманот во следната рунда.

Во првото полувреме македонскиот вицешампион беше подобра екипа. Одлично го почна дуелот, тактички мудро одржувајќи го ритамот со брза шанса на Иван Митров, но неговиот шут од 16 метри го одбрани домашниот голман. Работнички имаше извонредна можност да поведе во 22. минута кога Милан Илиевски испрати вистинска бомба од околу 30 метри од слободен удар, но само сантиметри покрај десниот дирек од голот на Флора.

rabotnicki so flora 1

До крајот на првиот дел се играше главно на средината од теренот иако Естонците можеа и да поведат по една грешка во одбраната на Работнички.

Во вториот дел, „романтичарите“ почнаа далеку понесигурно. Дозволија домашните да ја водат играта со постојано атаци, па тоа им се исплатеше во 59. минута кога Максим Гусев со глава стрелаше по нафрлањето од десната страна на Камс.

И по ова водство Естонците продолжија со игра на половината на Работнички, градејќи нови шанси, но сепак без реализација.

Во последните 15 минути од средбата нашиот тим се разбуди, па во 77. минута нововлезениот Кире Маркоски имаше извонредна шанса. Шутираше откосо од 15 метри, но сепак неговиот удар заврши сантиметри покрај десниот дирек од голот на Флора. И Силјановски се обиде од 16 метри во 80. минута, но повторно непрецизно.

ЛИГА ЕВРОПА – ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (прв натпревар)

ФЛОРА (ЕСТ) – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)
Арена „Ле Кок“ во Талин. Гледачи: 3.000. Главен судија: Мохамед Ал Хаким. Помошници: Брогевик и Сјоблом (сите од Шведска). Стрелци: Гусев 59’ (Ф). Ж. картони: Трајчевски, Вујчиќ (Р).

ФЛОРА: Тоом, Јагер, Јоргенсон, Камс, Баранов, Фролов, Шлеин (80’ Луигенд), Логуа (73’ Там), Алику, Сапинен (53’ Бегларашвили), Гусев

Тренер: Норберт Хурт

РАБОТНИЧКИ: Ефремов, Силјановски, Илиевски, Петровиќ, Цикарски, Вујчиќ, Трајчевски (72’ Јовановски), Сахити (62’ Маркоски), Митров (46’ Анене), Илијоски, Алтипармакоски

Тренер: Игор Ангеловски