Работнички – Гостивар


Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Гостивар
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
Работнички со уште еден убедлив триумф (4-0) над Гостивар го потврди пласманот во четвртфиналето на националниот Куп. Откако нашиот тим славеше со 0-4 на првиот меч во Гостивар, со идентичен резултат победи и на реваншот во Скопје. Овој меч засекогаш ќе го памети младиот Емир Сахити, кој ги постигна првите голови во дресот на Работнички. Тој го отвори резултатот во 15.минута, а во 44.минута донесе водство и од 2-0.
Во вториот дел, Џафери си постигна автогол во 56.минута, а точка на триумфот стави Кире Маркоски во последните моменти од средбата.
Работнички ја продолжува одбраната на круната во најмасовното македонско фудбалско натпреварување.
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 4-0 (2-0), ВКУПНО 8-0
Национална арена „Филип втори“. Гледачи: 100. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Делегат: Добре Иванов (Кратово). Стрелци: Емир Сахити 15’, 44’, Џафери 56’ (автогол), Маркоски (90+2’)
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Боцевски, Херера, Вујчиќ, Маркоски, Сахити, Петровиќ, Јованоски, Алтипармаковски, Ристовски, Трајчевски.
ГОСТИВАР: Џеладини, Зибери, Беџети, Рамадани, Демири, Менга, Абази, Адеми, Стрезовски, Бектеши, Јашари.