Мeталург — Работнички
Металург
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
Работнички ремизираше без голови на дуелот против Металург на гостински терен во рамките на 18.првенствено коло. Иако нашиот тим беше убедливо подобар ривал во поле, сепак, не успеа да го пронајде патот до мрежата на „металурзите“. Лошиот терен на стадионот „Борис Трајковски“, но и неснаодливоста на напаѓачите беа пресудни за мрежите да мируваат на овој дуел.
Во првото полувреме Работнички наметна своја игра, меѓутоа без изгледна шанса пред голот на младиот чувар на мрежата на Металург, Филип Илиќ. Во вториот дел, Баже Илијоски имаше убава можност во 53.минута, доби топка во шеснаесетникот, но неговиот шут кон голот беше непрецизен.
Потоа и Марјан Алтипармаковски имаше можност, упати удар откосо од десната страна, но Илиќ успеа да одбрани во два наврати.
Како што одминуваше времето, така притисокот на Работнички беше посилен, но тоа остави простор и за контранапади на Металург. По една таква акција Благоја Наумоски излезе сам пред Шишковски, но неговиот удар заврши за малку крај дирекот.
Последната шанса ја имаше Баже Илијоски од слободен удар во судиското продолжение, но шутираше високо над голот.
По есенскиот дел од шампионатот, Работнички се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 24 освоени бода.
МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Стадион „Борис Трајковски“. Гледачи: 100. Судија: Стевче Шулески (Охрид). Ж. картон: Стојчевски (Мет).
МЕТАЛУРГ: Илиќ, Стојчевски (62’ Канзуров), Лескароски (17’ Стојковски), Лекоски, Каранфиловски, Митрев, Кривањева, Стојановски, Јакимоски (76’ Крстев), Шопоски, Наумоски.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски (74’ Е. Сахити), Ристевски, Цикарски, Трајчевски (58’ Маркоски), Петровиќ, Вујчиќ, С. Сахити (85’ Јованоски), Алтипармаковски, Илијоски.