Работнички — Младост
Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Младост
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
Работнички сосема заслужено стигна до трите бода од дуелот против Младост ЦД во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига победувајќи со 2-0.
По трите претходни нерешени резултати силна беше желбата меѓу „романтичарите“ за првенствен триумф, што веднаш се почуствува според играта на теренот. Од самиот почеток се тргна агресивно, за да веќе во 8. минута првата шанса ја има Петровиќ, чиј удар од околу 12 метри успеа да го одбрани противничкиот голман.
Во текот на комплетното прво полувреме се играше на половината на гостите кои успешно се бранеа.
Откако на полувреме се замина без голови, во вториот дел фудбалерите на Работнички стартуваа уште поодлучно кон противничкиот гол. Се редеа шанси, но противничката одбрана успешно ги запре налетите на Илијоски, Маркоски и Алтипармаковски. Се до финишот, кога следеа погодоците.
По една брза акција во првата минута од судиското продолжение, Илијоски одлично се снајде во мешаницата пред голот на Младост ЦД за конечно да биде урнат „бункерот“ на противникот. Веднаш потоа, и Штефан Вујчиќ по само две минути со прекрасен, одмерен, удар од околу 16 метри ја донесе конечната победа од 2-0.
РАБОТНИЧКИ – МЛАДОСТ ЦД 2-0 (0-0)
Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Илијоски 90+1’, Вујчиќ 90+3’ (Раб). Ж. картони: Вујчиќ, Митров (Раб), Елмазовски, Симјановски, Петровски, Цветаноски, Далчески, Велески, Грозданоски (Мла). Црвен картон: Велески (Мла)
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиевски, Ристевски, Херера (62’ Митров), Петровиќ, Трајчевски, Јованоски (70’ Цикарски), Вујчиќ, Су. Сахити (46’ Алтипармаковски), Маркоски, Илијоски.
МЛАДОСТ ЦД: Петровски, Елмазовски (46’ Велевски), Вељаноски, Грозданоски, Т. Вељановски, Симјановски, Сали (83’ Николовски), Далчески, Каланоски, Димоски, Марковски (68’ Цветаноски)