shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Турново — Работнички

Турново — Работнички

-

Турново

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра 2-2 на гостувањето против Хоризонт Турново и може да жали затоа што не успеа со полн плен да се врати од стадионот „Кукуш“. По првиот дел избраниците на Игор Ангеловски имаа водство од 0-2, покрај тоа и неколку неискористени шанси за поубедлив резултат, но во второто полувреме Турново израмни на 2-2, со двата гола на Александар Милушев. Израмнувањето стигна во последната минута од судиското продолжение.

Работнички брзо го отвори резултатот. Откако Баже Илијоски беше соборен во шеснаесетникот, беше досуден пенал за нашиот тим, а Мите Цикарски во шестата минута успешно го реализира за водство од 0-1. Тоа беше уште посилен мотив да се продолжи во ист стил и во продолжението.

Капитенот Баже Илијоски во 29.минута зголеми на 0-2, откако со одмерен удар успеа да ја затресе мрежата на Хоризонт Турново. До крајот на првиот дел Алтипармаковски и Илијоски имаа шанси и за да го зголемат водството, но не успеаја да реализираат.

Сепак, Работнички со лагодно водство замина на одмор.

Во вториот дел, турновци намалија на 1-2 со голот на Александар Танушев во 72.минута. Тој најдобро се снајде во шеснаесетникот по корнер и со удар со глава ја погоди мрежата на Божиновски. И овој период нашиот тим имаше можности за трет погодок, но реализацијата не беше на ниво, а тоа го казни домаќинот со гол во последната минута од судиското продолжение.

Поранешниот играч на Работнички, Александар Милушев, со својот втор гол, во четвртата минута од судиското продолжение, израмни на 2-2 и му „скина“ два големи бода на Работнички.

ХОРИЗОНТ ТУРНОВО – РАБОТНИЧКИ 2-2 (0-2)

Стадион „Кукуш“ во Турново. Гледачи: 500. Судија: Стевче Шулески (Охрид). Помошници: Жарко Тодоровски (Охрид) и Ацо Мацевски (Струга). Делегат: Сашко Тасев (Кавадарци). Стрелци: Милушев 72’, 90+4’ (Тур), Цикарски 6’ пен., Илијоски 29’ (Раб). Ж. картони: Милушев (Тур), Јованоски (Раб).

Х. ТУРНОВО: Стоилков, Ташев, Танушев (46’ Божинов), Илиев, Милушев, Мавров, Иванов (46’ Стоилов), Пандев, Кочоски, Најденов, Имери (72’ Таипи).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Ристевски, Петровиќ, Трајчевски, Цикарски, Маркоски, Ем. Сахити (64’ Ристовски), Јованоски, Вујчиќ, Алтипармаковски (80’ Херера), Илијоски (90’ Боцевски).