shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички — Брегалница

Работнички — Брегалница

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Брегалница

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра 0-0 против Брегалница во натпреварот од десеттото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Во дуел во кој тренерот Игор Ангеловски имаше проблеми со составување на одбраната, поради повредите на Милан Илиевски и на Леон Најдовски, мораше Милован Петровиќ да игра во последната линија. Но, тоа сепак се одрази на креацијата во играта на средината на теренот. Своето деби на овој меч го имаше Емир Сахити, кој мина околу еден час на теренот, по што беше заменет.

Работнички го упати првиот удар преку Кире Ристевски. По слободниот удар на Вујчиќ, тој шутираше над голот на Брегалница. Потоа и Херера имаше обид од слободен удар, но Захов одбрани.

Брегалница возврати во 34. минута, кога Николај Христов шутираше од далечина, но не беше прецизен.

Ангел Нацев на почетокот од второто полувреме шутираше од 20 метри, а Божиновски успеа да одбрани.

До крајот, Работнички наметна свое темпо. Посакуваше победничлки погодок. По корнерот од левата страна, Кире Ристевски шутираше со глава во 78.минута, но топката мина за малку крај голот. Најблиску до погодок за триумф беше Алтипармаковски во 89.минута, кога упати удар со глава по центаршутот на Јованоски, но Захов одбрани.

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

Национална арена „Филип Втори“. Гледачи: 100. Судија: Дејан Јакимовски. Асистенти: Никола Божиновски и Игор Ширилов (Скопје). Делегат: Жарко Стојаноски (Брвеница). Ж. Картони: Ем. Сахити (Раб), Никовски, Коцев (Бре)

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Херера (76’ Ристовски), Ристевски, Петровиќ, Трајчевски, Вујчиќ, Цикарски, Маркоски, Емир Сахити (62’ Јованоски), Алтипармаковски, Илијоски.

БРЕГАЛНИЦА: Захов, Христов, Митрев, Стојанов, Ристовски, Костов (64’ Станковиќ), Коцев, Никовски, Здравков (90’ Илијев), Велковски, Нацев.