shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Гостивар

Работнички – Гостивар

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Гостивар

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра реми без голови против Гостивар во 15.коло од Првата фудбалска лига. На почетокот од натпреварот, во деветтата минута, сериозна повреда заработи младинскиот репрезентативец Матеј Ангелов. Судијата Јован Качевски на противничкиот фудбалер му додели само жолт картон.

На почетокот на второто полувреме, Алпер Потук излезе сам пред голот на Работнички, но Игор Алексовски успеа да одбрани со одлична интервенција, а топката заврши во гредата и потоа во корнер.

Во финишот, Работнички можеше да стигне до триумф. Во убава шанса влезе Марселин Гандо Биала, кој шутираше од непосредна близина, но Бујар Абази успеа да одбрани. Во следниот напад и Такахара се закани на спротивната страна, а топката мина крај дирекот.