shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

А.Пандев – Работнички

А.Пандев – Работнички

-

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари четвртата првенствена победа оваа сезона откако го совлада тимот на Академија Пандев на гости во Струмица со 0-2. Одлично издание имаа избраниците на Милан Илиевски на стадионот „Младост“ и се реваншираа на Академија Пандев за поразот на првиот меч оваа сезона одигран во Скопје.

Работнички поведе во 19.минута. Гамдо Биала шутираше од левата страна, Алчески одбрани, но топката од дирекот се одби на гол-линијата, а најприсебен беше Анес Рушевиќ и ја внесе во мрежата.

Нашиот тим продолжи со добра игра, се заканија и Крсте Велкоски и Арменд Алими, а пред крајот на првото полувреме Академија Пандев остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Бојан Димоски. Тој доби втор жолт картон во 42.минута од мечот.

Во вториот дел, Академија Пандев трга офанзивно со намера да израмни, а Работнички имаше среќа по акцијата а Ване Крстевски, кога Дин Аломеровиќ во обид да расчисти го погоди дирекот. За среќа, топката се врати во рацете на Игор Алексовски.

Во 74.минута, Арменд Алими упати проектил од 30 метри, ја погоди гредата, а топката се врати до Марселин Гандо Биала, кој со силен удар ја испрати во мрежата.

До крајот одлична шанса имаше и Крсте Велкоски, но неговиот обид за лоб заврши над голот.

Во следното коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Струга Трим Лум.