shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Силекс

Работнички – Силекс

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го забележа шестиот пораз оваа сезона во Првата лига, откако загуби на домашен терен од Силекс со 0-1. Еден момент го реши натпреварот. Во 22.минута, Манасиевски го проигра Филип Обадовиќ на работ на шеснаесетникот, а тој со лоб удар го совлада Алексовски кој тргна кон него во обид да одбрани.

По овој пораз, Работнички се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 11 освоени бода.

Дуелот на комплексот на ФФМ не изобилуваше со многу шанси. Анес Рушевиќ ја имаше можеби најдобрата шанса, по нафрлувањето на Алими од слободен удар. Сепак, неговиот удар заврши директно во Даниел Божиновски.

Во завршницата, Фати Исмаили се обиде со удар од левата страна, но не беше прецизен.

Во следното коло, Работнички ќе гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Академија Пандев.