shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Струга Трим Лум – Работнички

Струга Трим Лум – Работнички

-

Струга Трим Лум

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички доживеа пораз (2-1) на гостувањето кај Струга Трим Лум во третото коло од Првата фудбалска лига. Иако парираше добро во поголем дел од мечот, сепак, тимот на Љупчо Марковски на крајот повторно остана без бодови.

Зија Мерџани во 12.минута со шут од работ на шеснаесетникот го совлада Игор Алексовски за почетно водство на Струга Трим Лум. Но, Работнички успеа да одговори.

Димитар Тодоровски во 25.минута постигна гол, откако доби одлична топка од Велкоски, го издрибла и истрчаниот голман Ќосевски и ја погоди мрежата.
Во второто полувреме, Бесарт Ибраими од слободен удар ја погоди гредата, потоа и Фатјон Јусуфи погоди во дирекот, а нова предност за Струга ТЛ донесе дефанзивецот Сава Радич.

Во 75.минута, по еден прекин, тој скокна највисоко во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на Алексовски.

Само три минути подоцна Радич доби црвен картон поради удар без топка кон Методи Максимов, а во завршницата и Максимов беше исклучен откако доби втор жолт картон.

Работнички во следното коло на домашен терен го пречекува Тиквеш.