shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

А.Пандев – Работнички

А.Пандев – Работнички

-

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Академија Пандев со 2-1 во 32.коло од Првата фудбалска лига. По овој пораз, Работнички се наоѓа на осмото место на табелата со 40 бода во пресрет на последното коло од шампионатот.

Тимот на Стојан Игнатов добро парираше половина час, но потоа Осман Маронг во 33.минута успеа да постигне водечки погодок за Академија Пандев. Марко Јовановски имаше одлична интервенција по ударот со глава на Марјан Ристовски, а пред крајот на првиот дел, Кристијан Велиновски зголеми на 2-0.

Во 50.минута беше досуден пенал за Работнички. Јовановски го одбрани ударот на Марио Станковски, но од втор обид тој сепак ја затресе мрежата на домаќинот.

Во последното 33. коло, Работнички на домашен терен го пречекува Пелистер.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 2-1 (2-0)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица. Судија: Стојанче Стојанов (Штип). Стрелци: Маронг 33′, Велиновски 44′ (Академија Пандев), Станковски 50′ (Работнички). Ж. картони: Јовановски, Маронг, Томовски (Академија Пандев), Максимов (Работнички).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Јовановски, Илиев, Бихорац, Димов, Ивановски, Димоски, Митровски (81′ Мартинага), Хаџановиќ, Маронг (88′ С. Пандев), Велиновски (68′ Ангелов), Ѓорѓиев (68′ Томовски).

РАБОТНИЧКИ: Тимевски, Илиевски, Ѓорѓевиќ, Гоес, Аломеровиќ, Ангелов, Зејнулаи, Тодоровски (76′ Родригез), Ристовски, Максимов, Станковски.