shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Скопје – Работнички

Скопје – Работнички

-

Скопје

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари многу важна победа на гости против Скопје, победувајќи на „Автокоманда“ со 0-1. Стрелец на голот беше Методи Максимов во 45.минута од натпреварот.

На тежок и каллив терен, Работнички оствари триумф со максимално залагање и голема борба во текот на целиот дуел. Во една таква ситуација, немаше многу изгледни шанси за гол.

Анес Рушевиќ во 17.минута се закани со силен удар од далечина, а Андреја Ефремов одбрани и исфрли во корнер. Потоа обид имаше и Димитар Тодоровски од 25 метри, но директно во добро поставениот противнички голман.

Во 45.минута, Методи Максимов одзеде топка на средината на теренот, Марио Станковски извлече противнапад, го проигра повторно Максимов, а тој откосо од десната страна ја погоди мрежата на ФК Скопје.

Во второто полувреме, Работнички умешно ја чуваше предноста, ги неутрализираше нападите на домаќинот и на крајот сосема заслужено стигна до важни три бода.

Во следното коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Шкендија.

ФК СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-1)

Стадион Автокоманда. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелец: Максимов 45′ (Р). Ж. картони: Јанакевски (С), Гоес, Ѓорѓевиќ, Аломеровиќ, Рушевиќ (Р).

ФК СКОПЈЕ: Ефремов, Димов, Најдоски, Запата, Ѓоргиевски, Пецов, Јанакиевски, Јаневски (77′ Хајдари), Игнатов (59′ Божиновски), Елисон, Десниќ.

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски, Ѓорѓевиќ, Рашо, Аломеровиќ, Гоес (88′ Кировски), Тодоровски, Зејнулаи (90′ М. Елмас), Максимов, Станковски, Рушевиќ (90′ Родригез).