shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Македонија ЃП

Работнички – Македонија ЃП

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го забележа третиот пораз во Првата фудбалска лига откако во 12.коло загуби на домашен терен со 1-3 од Македонија Ѓорче Петров. По овој меч, Работнички се наоѓа на осмата позиција на табелата со 13 освоени бода.

Македонија Ѓорче Петров поведе во воведниот тек од натпреварот. Во осмата минута Филип Петров успеа да го совлада Ристо Јанков. По ова Работнички тргна по израмнување, но во 23.минута беше досуден пенал за Македонија ЃП, а го реализираше Ермедин Адем.

Десет минути подоцна Работнички намали на 1-2. Ермедин Адем постигна автогол по мешаницата во гостинскиот шеснаесетник.

Стефан Јевтоски во 51.минута имаше убава шанса со удар со глава да донесе израмнување, но шутираше над голот. Две минути подоцна Фернандо Аугусто по соло акција постигна трет гол за Македонија ЃП.

Работнички се обиде преку Лука Станковски и Горан Силјановски да се врати во мечот, но не успеа. Во завршницата, црвени картони заработија Давид Атанасоски и Стефан Јевтоски.
Во следното коло, Работнички и гостува на Беласица во Струмица.

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3 (1-2)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Адем автогол 33’ (Работнички), Петров 8’, Адем 23’ пен., Аугусто 53’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Стојков, Пецов (Работнички), Сулејмани, Атанасоски, Барбоса (Македонија ЃП. Црвени картони: Стојков (Работнички), Атанаскоски (Македонија ЃП).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Пецов (83’ Зука), Јевтоски, Стојков (60’ Стојкоски), Тошески (60’ Ѓурѓевиќ), Тодоровски (60’ Муарем), Станковски, Чумиќ (73’ Максимов).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Китановски, Мишевски, Личина, Атанаскоски, Аугусто, Филиповски (83’ Настевски), Адем, Божиновски, Петров (79’ Барбоса), Воша (74’ Сулејмани).