shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија

Работнички – Шкендија

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го доживеа првиот пролетен пораз, откако во 24.коло од Првата фудбалска лига на Македонија загуби од Шкендија со 0-1 на домашен терен. Стрелец на единствениот гол за Шкендија беше Бесарт Ибраими во 19.минута од средбата.

Во тврд натпревар, гостите успеаја први да го отворат резултатот и тоа се покажа како пресудно за конечниот епилог. Во 19.минута, Жуниор имаше одличен продор по десната страна, центрираше во петерецот на нашиот тим, каде Бесарт Ибраими шутираше кон голот на Шишковски.

rabotnicki - skendija 4

Голманот на Работнички во првиот обид успеа одлично да одбрани, но одбиената топка Ибраими ја смести во мрежата.

По ова, Работнички тргна многу поофанзивно, се обидуваше да израмни, но, сепак, не создаде стопроцентна можност пред голот на Захов.

Во 71.минута нововлезениот Херера, кој го замени Кире Маркоски, упати удар од 20 метри, но не беше доволно прецизен. На спротивната страна, се заканија Жуниор и Алими, но резултатот не се промени до крајот на мечот.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-1 (0-1)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 1.000. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Стрелец: Ибраими 18’ (Шкендија). Ж. картони: Најденов, Алтипармаковски, Ристовски (Раб).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Б. Марковски, Цикарски, Најденов (67’ Ристовски), Петровиќ, Елмас (82’ Јованоски), Трајчевски, К. Маркоски (46’ Херера), Алтипармаковски.

ШКЕНДИЈА: Захов, Бејтулаи, Цуцули, Мерајиќ (61’ Демири), Тодоровски, Вујчиќ, Тотре (73’ Положани), Алими, Жуниор, Радески (89’ Јуфо), Ибраими.