Работнички – Ренова
Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Ренова
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
Работнички и Ренова одиграа натпревар без голови на арената „Филип Втори“, во рамките на 22.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Во дуел без многу шанси, нашиот тим имаше повеќе од играта, но не успеа да ја затресе мрежата на ривалот.
Суад Сахити во 15.минута влезе во шанса, шутираше со глава кон голот на Ренова по центаршутот на Силјановски од десната страна, меѓутоа Ефремов успеа да го одбрани неговиот удар.
Потоа се обиде и Бојан Најденов, но шутот не беше доволно силен за да му создаде проблеми на гостинскиот голман.
Во последните моменти од првиот дел, Арџент Гафури од слободен удар, од повеќе од 30 метри далечина, ја погоди гредата од голот на Шишковски.
Во вториот дел, исто така без посериозни шанси. Во 57.минута, Гафури од 14 метри шутираше непрецизно. Шест минути подоцна, Херера упати удар со глава од десетина метри, но директно во рацете на Ефремов.
Нововлезениот Мирослав Јованоски во 74.минута пресече една топка на средината на теренот, повлече во противнапад, но наместо да го проигра Алтипармаковски, се реши за удар од 25 метри, и погреши.
Во завршницата и Алтипармаковски имаше можност да стори нешто повеќе, но неговиот шут од 15 метри не беше прецизен.
ПРВА ЛИГА – 22.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0
Арена „Филип втори“. Гледачи: 200. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Помошници: Дејан Неделкоски (Скопје) и Гоце Петрески (Скопје). Делегат: Васко Кантарџиев (Струмица). Жолти картони: Фетаи, Мемеди (Рен).
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Б.Маркоски, Цикарски, Петровиќ (72’ Јованоски), Трајчевски, Најденов, Херера, С. Сахити (73’ Галиќ), Алтипармаковски (84’ Ристовски).
РЕНОВА: Ефремов, Мишковски (68’ Муслиу), Абдула, Мемеди, Сулејмани, Усеини, Фетаи, Нухи, Шабани (90’ Садики), Гафури, Имери (64’ Селмани).