Будуќност – Работнички 1-0 (вкупен резултат, 2-1)
Будуќност
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
Работнички
Позиција | Goals | Assists | Yellow Cards | Red Cards |
---|---|---|---|---|
0 | 0 | 0 | 0 |
На кратко
Работнички доживеа елиминација во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Нашиот тим загуби со 1-0 на гостувањето во Подгорица и со вкупен резултат од 2-1 црногорскиот тим Будуќност продолжува во следната рунда, каде чека белгискиот Генк. Кобна за Работнички беше 16.минута, кога Леон Најдовски направи пенал над Милош Раичковиќ, заработи исклучување, а Ристо Радуновиќ ја погоди мрежата на Шишковски од белата точка.
Во петтата минута, Херера се проби по левата страна, врати на пеналтикот, но таму немаше фудбалер на Работнички за да ја искористи убавата можност. Само една минута подоцна, возврати Будуќност. По левата страна топка доби Иван Пејаковиќ, излезе сам пред Шишковски, но нашиот голман му влезе во шут и спречи да се тресе неговата мрежа.
Но, Будуќност поведе во 16.минута. Раичковиќ доби топка во шеснаесетникот, му побегна на Најдовски, кој го фаулираше, а судијата Бурхарт покажа на белата точка, но и го исклучи Леон Најдовски, се чини престрого.
Ристо Радуновиќ беше прецизен реализатор на најстрогата казна и Будуќност поведе со 1-0.
По ова, Работнички сепак успеа да се консолидира и беше рамноправен противник на теренот, иако со играч помалку. Во 37.минута, Најденов изведе корнер од десната страна, но Митрев не успеа да ја зафати за да биде опасно кон голот на Драгојевиќ.
На стартот од вториот дел, Работнички ја презеде иницијативата, но првата закана ја имаше Будуќност преку Дени Хочко во 53.минута. Тој шутираше од 20 метри, но Шишковски беше добро поставен.
Три минути подоцна, црногорскиот тим имаше голема шанса да го удвои водството. Центрашут од десната страна, Џаловиќ упати слаб удар со глава, топката дојде до Иван Пејаковиќ, кој шутираше откосо од левата страна и го погоди спротивниот дирек од голот на Шишковски.
Тренерот Франц го внесе во игра и Елиф Елмас, стрелецот од првиот меч во Скопје, со надеж дека Работнички ќе успее да го израмни резултатот.
Во 75.минута, само што влезе во игра на местото на Дурански, Иван Галиќ имаше обид од далечина, но за малку над голот на Будуќност.
Џаловиќ имаше убава можност во 84.минута, но од работ на шенаесетникот шутираше непрецизно. На спротивната страна, Суад Сахити шутираше од 16 метри по корнерот за Работнички од левата страна, но топката не стигна до мрежата на противникот.
Во завршницата Пејаковиќ беше непрецизен за Будуќност, а Работнички фрли се на офанзивата. Во судиското продолжение, Џаловиќ од непосредна близина го погоди дирекот од голот на Шишковски.
ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА – РЕВАНШ МЕЧ
БУДУЌНОСТ – РАБОТНИЧКИ 1-0 (1-0) вкупно 2-1
Градски стадион во Подгорица. Гледачи: 4.500. Судија: Јорген Бурхарт. Помошници: Хајне Соренсен и Ларс Рикс. Четврти судија: Михаел Тикгард (Данска). Делегат: Падар Рајан (Р. Ирска). Стрелци: Радуновиќ 16’ (пен.). Ж. Картони: Трајчевски (Работнички). Црвен картон: Најдовски (Работнички).
БУДУЌНОСТ: Драгојевиќ, Радуновиќ, Вукчевиќ, Вусуровиќ, Митровиќ, Раичковиќ (82’ Марковиќ), Распоповиќ, Пејаковиќ (72’ Сератлиќ), Хочко, Мирковиќ (77’ Јанкетиќ), Џаловиќ.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (46’ Томаш), Најдовски, Митрев, Цикарски, Најденов, Трајчевски, Дурански (75’ Галиќ), С. Сахити, Херера (55’ Елмас), Алтипармаковски.