shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Македонија ЃП (0-1)

Работнички – Македонија ЃП (0-1)

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Преглед

Работнички е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Македонија по вториот пораз (0-1) од Македонија ЃП. На денешниот меч на арената „Филип Втори“, нашиот тим не успеа да ја надомести негативата од еден гол од првиот дуел во Ѓорче Петров и доживеа уште еден идентичен пораз.

Христијан Кировски во 71.минута беше стрелец на победничкиот погодок за гостите. Боби Божиновски шутираше од голема далечина, топката дојде до Кировски, кој ја смири и рутински го надмудри Божиновски.

Претходно, Работнички имаше свои шанси. Бопесу центрираше во 23.минута, а Филип Петковски се обиде со удар со глава, но без ефект. Во 63.минута, Жоел Бопесу постигна гол, но се наоѓаше во офсајд позиција.

По примениот погодок, Работнички тргна во тотална офанзива, а Оливер Пеев во 76.минута ја погоди стативата.