shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкупи

Работнички – Шкупи

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби со 0-2 против Шкупи на арената „Филип Втори“, во рамките на 18.коло од Првата фудбалска лига. Со ова, нашиот тим ќе презими на четвртата позиција на табелата со 26 бода, четири помалку од третопласираниот состав на Академија Пандев.

Тимот на Жикица Тасевски не успеа да стигне и до четврта последовна победа во шампионатот. Шкупи прикажа подобра игра, славеше со 0-2 и ги исвои бодовите.

Уште од самиот старт, гостите од Чаир беа поконкретни. Првата шанса ја имаше Виктор Ангелов, но шутираше непрецизно. Потоа Мухарем Бајрами од слободен удар успрати силен удар, кој Божиновски го одбрани и ја исфрли топката во корнер. А токму по корнерот, Амир Билали 26.минута со волеј – удар, во 26.минута, го доведе Шкупи во водство.

Херера од слободен удар за малку не донесе израмнување, а во вториот дел се закани и Петар Петковски. Но, мрежата на Шкупи не се затресе. Во финишот, нововлезениот Артан Велиу постигна втор гол за Шкупи за конечен триумф на овој натпревар.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 0-2 (0-1)

Арена „Филип Втори“. Судија: Марјан Младеновски (Скопје). Стрелци: Билали 26’, Велиу 82’ (Шкупи). Ж. картони: Божиновски, Пеев, Ацковски (Работнички), Аљиу (Шкупи).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Тодоровски, Борха, Димитровски, Херера, Пеев, Стевановиќ, Бопесу (62’ Ацковски), Шаркоски (71’ Фазлиу), П. Петковски, Ф. Петковски (58’ Гофри).

ШКУПИ: Алексовски, Занго, Типуриќ, Кривањева, Билали, Аљиу (53’ Мухарем), Бајрами, Дакур, Серџињо (89’ Љамчевски), Броја, Ангелов (82’ Велиу).