shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

А.Пандев – Работнички

А.Пандев – Работнички

-

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички доживеа минимален пораз (1-0) од Академија Пандев на гостувањето во Турново. На стадионот „Кукуш“, нашиот тим одигра добро во првиот дел, но потоа потклекна и дозволи едно невнимание во одбраната да биде кобно, а Љупчо Дориев постигна победнички погодок во 54.минута од натпреварот.

Остоја Стјепановиќ во седмата минута се закани од слободен удар од 18 метри, но Чубраковиќ успеа да одбрани и ја исфрли топката во корнер. На спротивната страна возврати Дориев без ефект, а непрецизен беше и ударот на Петар Петковски.

Убава шанса имаше Гофри по грешката на Иванов, но Чубраковиќ повторно спречи да се тресе неговата мрежа.

Во 54.минута, Академија Пандев поведе. Томислав Илиев нафрли во шеснаесетникот, одбраната не реагираше најдобро, а Љупчо Дориев со удар со глава постигна погодок.

По ова, Работнички тргна во офанзива, Бопесу шутираше од работ на шеснаесетникот, но топката заврши во блок, а потоа обиди имаа и Петар Петковски и Гофри. Но, сепак, трите бода останаа за тимот на Академија Пандев.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)

Стадион „Кукуш“ во Турново. Гледачи: 300. Судија: Јован Качевски. Стрелец: Љупчо Дориев 54’ (Академија Пандев). Ж. картони: Пандев, Дориев, Стојков (Академија Пандев), Шаркоски, Херера, Тодоровски (Работнички).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Илиев, Димов, Стојчевски, Атанаскоски, Стоилов (46’ Темелков), Иванов, Пандев (82’ Стојков), Дориев, Миловановиќ, Крстовски (73’ Јованов).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Тодоровски, Митрев (75’ Стевиќ), Борха, Херера (54’ Бопесу), Стјепановиќ, Пеев, Стевановиќ (64’ Ф. Петковски), Шаркоски, П. Петковски, Гофри.