shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкупи – Работнички

Шкупи – Работнички

-

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра 1-1 против Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во рамките на 22.коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим имаше водство од 0-1, со голот на Кире Маркоски постигнат во 68.минута, а Шкупи израмни во 90.минута, со погодокот на Бунјамин Шабани. По ова коло, Работнички со 28 бода се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Остоја Стјепановиќ се закани од слободен удар во првиот дел, но Зендели го одбрани неговиот шут, а Шкупи возрати погодувајќи го дирекот во 35.минута. за среќа, топката се врати во рацете на Ристо Јанков.

Во вториот дел имаше многу повеќе возбудувања. Во 62.минута, беше досуден пенал за Шкупи, откако Митрев стартуваше над Илијоски. Пеналот го изведе Буњамин Шабани, но Ристо Јанков со одлична интервенција го одбрани неговиот удар.

Во 68.минута, Работнички стигна до водство. Кире Маркоски одлично ја смири топката по центаршутот од десната страна, и рутински го совлада Зендели со удар од десетина метри. Сепак, Шкупи израмни во 90.минута.

Јашароски шутираше од 20 метри, Јанков ја одби топката, таа дојде до Буњамин Шабани, кој со удар од десетина метри ја затресе мрежата.

До крајот, Остоја Стјепановиќ се обиде од слободен удар, но Зендели одбрани и ја исфрли топката во корнер.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-0)

Стадион „Борис Трајковски“ во Маџари. Гледачи: 500. Судија: Марјан Ецкоски. Стрелци: Шабани 90’ (Шкупи), Маркоски 68’ (Работнички). Ж. картони: Митрев, Красниќи, Асани (Работнички).

ШКУПИ: Нухи (2’ Зендели), Ондо, Типуриќ, Кривањева, Љамчевски, Бајрами (79’ Јашароски), Шабани, Броја, Стојкоски, Чан (73’ Ндонг), Илијоски.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Рашо, Митрев, Красниќи, Асани, Трајчевски, Стјепановиќ, Маркоски, Серџо јуниор (64’ Петковски), Ангелов (86’ Дурански), Кировски.