shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија

Работнички – Шкендија

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше без голови против лидерот Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ во 21.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Тимот на Александар Влахо не само што успеа да го сопре победничкиот ритам на Шкендија, туку може да жали и за триумф од овој меч. Нашиот состав беше поагресивен, бараше победа, создаде многу повеќе можности пред голот на Захов.

Кристијан Стојкоски прв се закани кон голот на Шкендија, но неговиот удар не беше прецизен. Марјан Ристовски во 23.минута шутираше откосо од левата страна, но одбраната на гостите во последен момент постави блок, а најубавата шанса ја имаше Методи Максимов пред крајот на првото полувреме, кога Захов ја испушти топката, а тој од свртување со полуволеј шутираше над голот.

Единствениот посериозен обид на Шкендија во првото полувреме го имаше Љупчо Дориев.

Во вториот дел, Лука Станковски имаше изгледна можност, но не реализираше, се закани и Стојкоски, а во финишот Петар Петковски шутираше откосо од десната страна, но Захов успеа да одбрани. Мора да се спомене и дека судијата Александар Ставрев на почетокот на второто полувреме не покажа на белата точка за Работнички по очигледното играње со рака на еден одбранбен фудбалер.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-0

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Ж. картони: Грозданоски, Ристовски, Ристески, Ѓорѓевиќ (Работнички), Ибраими (Шкендија).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ристески, Грозданоски, Ѓорѓевиќ, Максимов, Тодоровски (85’ Петковски), Ристовски, Л. Станковски, Стојкоски (73’ М. Станковски), Прелчец.

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Незири, Павиќ, Алими, Зејнулаи (46’ Нафиу), Дита, Дориев (46’ Ќака), Елези, Ибраими (83’ Хабај).