shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски: Подготвени сме за жесток дуел со Пелистер

Работнички в недела гостува во Битола и ќе ги одмери силите со Пелистер во второто коло од новата сезона во Првата лига. По ремито без голови со Ренова, тимот сега го очекува ново големо искушение.

Голманот Дамјан Шишковски се надева дека неговата мрежа нема да се тресе ниту под „Тумбе кафе“.

„Не очекува тежок натпревар во Битола. Пелистер е еден од клубовите што ќе се борат за позициите во Топ 4, што носат излез на европска сцена. Ги респектираме максимално, но веруваме во сопствените можности и ќе сториме се за да оствариме позитивен резултат. Би бил задоволен ако нашата мрежа остане мирна и по вториот меч од новата првенствена сезона“, изјави Дамјан Шишковски.