shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Имаме сили за да го елиминираме Динамо Минск

Работнички се подготвува за реванш натпреварот против Динамо Минск, кој ќе се одигра в четврток во Белорусија, а по ремито (1-1) во Скопје, капитенот Душко Трајчевски верува дека нашиот тим има сили за да го елиминира ривалот на гостински терен.

„Имаме сили за да го елиминираме Динамо Минск, иако тоа нема да биде нималку лесна задача. Но, сега знаеме точно за каков тим се работи, ги знаеме нивните добри и лоши страни, и ќе се обидеме од тоа да извлечеме корист. Тие сигурно се подобро физички подготвени, со оглед дека нивното првенство е во полн ек, и имаат одиграно 15 кола. Ние допрва влегуваме во вистински ритам, но можеме да го пронајдеме вистинскиот пат за да ја оствариме целта. Треба да одиграме многу подобро отколку на првиот меч во Скопје, а доколку први го отвориме резултатот, мислам дека ќе бидеме блиску до целта“, вели Душко Трајчевски.

Експедицијата на Работнички утре рано наутро патува за Минск, каде в четврток ќе го игра реванш натпреварот против Динамо Минск, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа.