shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

УЕФА го скрати изборот на можните ривали во третото коло: Остенде, Тренчин, АЕК Ларнака…

Во пресрет на денешниот ждреб за третото квалификациско коло од Лигата на Европа, УЕФА го скрати изборот на можни ривали на Работнички. Доколку нашиот тим успее да го елиминира Динамо Минск, ќе биде носител и во третото коло од квалификациите, а одредени се и потенцијалните можни противници.

Работнички би можел да игра против победникот од дуелот Железничар (БиХ) – АИК (Шведска), Остенде, Тренчин (Словачка) – Бнеи Јехуда Тел Авив (Израел), Корк Сити (Ирска) – АЕК Ларнака (Кипар), Валур Рејкјавик (Исланд) – Домжале (Словенија) или Лиепаја (Летонија) – Судува (Литванија).

Во 13 часот, во Нион ќе бидат извлечени двојките за третото квалификациско коло од Лигата на Европа.