shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пуштени во продажба билетите за мечот Работнички – Динамо Минск

Работнички в четврток, со почеток во 18 часот, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот ќе го пречека белорускиот претставник Динамо Минск, во рамките на првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Клубот од денеска ги пушти во продажба, преку онлајн мрежата на МК Тикетс, билетите за овој натпревар по цена од 200 денари.

Билети ќе можат да се набават онлајн преку МК Тикетс се до денот на натпреварот, кога ќе ги има во продажба и пред самиот стадион. Потенцираме дека сепак се работи за ограничен број на влезници за единствената трибина на комплексот „Петар Милошевски“.