shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Со победнички мисли патуваме за Сан Марино

Експедицијата на Работнички денеска патува за Сан Марино, каде в четврток, со почеток од 20.30 часот, ќе го игра првиот натпревар од воведното коло во квалификациите за Лигата на Европа. Противник е Тре Пене, второпласираниот тим во првенството на Сан Марино.

Со оптимистички мисли, стручниот штаб и фудбалерите патуваат на првата европска дестинација во новата сезона, со надеж дека нема да биде последна ова лето.

„Со позитивни мисли патуваме за Сан Марино, тоа е сигурно. Не сакаме никого да потцениме, и тоа сигурно нема да се случи, но не криеме дека сме фаворити, и ќе се обидеме тоа да го докажеме уште на првиот натпревар против Тре Пене. Успеавме да добиеме одредени информации за ривалот, но ќе се посветиме пред се на нашата игра, ќе се трудиме да наметнеме наше темпо и да оствариме позитивен резултат пред реваншот што ќе се игра во Скопје. Подготвени сме за првиот европски предизвик, и секако сакаме да ги има што повеќе оваа сезона“, вели шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.

За првиот натпревар против Тре Пене, нема да бидат во комбинација дефанзивците Ванче Шиков и Леон Најдовски, а во експедицијата не е и Елиф Елмас.